Годинешното издание на летниот фестивал на отворено „Јосифово Самр Фест“ ќе се одржи од 23-ти до 25-ти август.
Ова е второто по ред издание на фестивалот кој минатата година, според проценките на организаторот, „Проект Кафе“ од Јосифово, заврши со импозантна бројка од 10.000 посетители.
Она што годинава е поразлично е тоа што наместо две, ќе се одржат три фестивалски вечери, а повеќе детали се очекува организаторот да објави многу наското.
На #JSF2018 имавме можност да ги проследиме настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Куку Леле, Јелена Розга и други изведувачи и бендови од регионот.