Денес на плоштадот во Валандово ќе се одржи Матурската парада

Денес (17.05.2019), во 12 ч., на градскиот плоштад во Валандово, матурантите од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово ќе го изведат танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“, како дел од матурска парада која истовремено се организира во повеќе градови од државата и Европа.

Матурската парада за прв пат е организирана во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж, од Љубљана. Матурантите, преку овој настан симболички го одбележуваат крајот на средното образование и испраќаат порака на заедништво и обединетост во светот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.