Румена Бужаровска со промоција на најновата книга „Не одам никаде“ во Валандово

Македонската писателка Румена Бужаровска на 21.06.2019-та година (петок) со почеток од 19 часот, во Домот на култура „25-ти мај“ ќе ја промовира својата најнова збирка раскази „Не одам никаде“.

Бужаровска на овогодинешниот Саем на книга во Скопје, доби признание за најуспешен домашен автор, од Македонската Асоцијација на издавачи. Нејзината најнова книга е преведена на српски, хрватски, словенечки и босански јазик.

Таа е инаку родена во 1981-та година во Скопје и е авторка на збирките раскази: „Чкртки“ (2007), „Осмица“ (2010) и „Мојот маж“ (2014), книгичката мали фикции „Спиј“ (2017), како и студија за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“ (2012). Во 2016-та беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.

 

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password