Обновен договорот за збратимување помеѓу општина Валандово и општина Лазаревац – Србија

Денеска беше потпишана Повелбата за обнова на договорот за збратимување, помеѓу општина Валандово и Градската општина Лазаревац – Србија.

Договорот го потпишаа Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов и Претседателот на Градската општина Лазаревац – Бојан Сингелиќ, во присуство на државниот секретар во Министерството за локална самоуправа на Македонија – Кирил Парталов и државниот секретар во Министерството за државна управа и локална самоуправа на Србија – Бојан Стевиќ.

Со тоа се возобнови соработката помеѓу двете општини, која за прв пат беше воспоставена во 1977-та година.

Целта на потпишувањето на повелбата, е се продлабочат односите на граѓаните и институциите од двете пријателски општини, создавање услови за јакнење на меѓусебната соработка, размена на искуства и знаења, како и интензивирање на поврзаноста меѓу граѓаните, како предуслов за поголем општествен развој на двете заедници.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.