Делегацијата од општина Лазаревац оствари посета на Спомен костурницата во Удово

Делегацијата од Градската општина Лазаревац и државниот секретар во Министерството за државна управа и локална самоуправа на Р.Србија – Бојан Стевиќ, во придружба на амбасадорката на Р.Србија во нашата држава – Гордана Дивјак Томиќ, остварија посета на Спомен костурницата во с.Удово и положија свежо цвеќе во чест на загинатите војници кои загинале на локацијата каде е изградена костурницата.

Спомен костурницата е подигната во чест на загинатите српски војници во валандовско – удовската акција на Велики петок, 2-ри април 1915-та година, како и на останатите загинати српски војници во ова подрачје во периодот на Првата светска војна. Таа отсликува важен настан за српскиот народ и историскиот незаборав на сегментотот од минатото и претставува мост на пријателството меѓу македонскиот и српскиот народ.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.