Вечерва натпреварувачка вечер на „Фолк Фест“ – Валандово

Вечерва со почеток од 20:30 часот, во фестивалската сала „Јанко Узунов“ – Валандово, ќе се одржи натпреварувачката вечер на 34-тиот валандовски фестивал „Фолк Фест“.

По синоќешната ревијална вечер на која беа отпеани песните на најдобрите текстописци на фестивалот низ годините, вечерва следува финалната, натпреварувачка вечер. На сцената во „Јанко Узунов“ ќе бидат отпеани 20 нови композиции, од дебитанти и некои од веќе познатите и препознатливи имиња, кои оставиле свој белег на овој фестивал, меѓу кои: Зуица Лазова, Драган Мијалковски, Горан Тодоровски и Благоја Грујовски.

Во моментите за гласање со свое музичко шоу ќе настапи легендата на македонската народна музика – Сузана Спасовска.

Само за потсетување, наградниот фонд за „Фолк Фест“ – Валандово 2019-та изнесува: Прва награда – 1.500 евра; Втора награда – 1.000 евра и Трета награда – 750 евра. Награда „Никола Бадев“ во износ од 500 евра за најдобра вокална изведба; Награда „Драги Митев“ во износ од 500 евра за најдобар аранжман; Награда „Миле Брзанов“ во износ од 500 евра за најдобар дебитант; Награда „Мирчо Карамучев“ во износ од 500 евра за најдобар текст и Награда за најдобар сценски настап во износ од 500 евра.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password