Ученички од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово успешни на камп за еко-новинарство

Теодора Илиева, Тиана Костова и Благица Павлова – ученички во III година гимназија, при СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, се докажаа како вредни еко-новинари и надежни фоторепортери, како соработници на весникот „Медиум“.

Со право на учество на овој камп ученичките претходно се здобија како автори на еден од 12-те најкреативни медиумски производи. Учеа како се пишуваат вести и кои се разликите помеѓу дневното новинарство и еко-новинарство.

На предавањето по фотографија учеа за правилата за фотографирање жив свет, колку фотографии треба да има една фото-приказна, како и трикови за успешни фотографии. Стекнатите знаења ги применија на терен во Смолари, Габрово, Колешино, Моноспитово и Мокрино.

На кампот учествуваа 20 средношколци од цела Македонија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.