Општина Валандово лидер во подобрувањето на активната транспарентност

Валандово / 18:55

Истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации, кое го мери општото ниво на активна транспарентност на Владата, министерствата и општините, покажа дека во 2019-та година процентот на проактивна транспарентност на Општина Валандово пораснал за повеќе од 40 проценти.

Според истражувањето, од минатогодишното ниво од 11.9% и многу слаба транспарентност, годинава Општината се вбројува во општините со просечна активна транспарентност со 56,9 индексни поени или скок од 27 позиции.

Овој раст придонесе Општина Валандово да се најде на 5-тата позиција од општините во југоисточниот регион, табела на која лани ја зазеде последната позиција.

Како што се наведува во истражувањето годинава лидери во подобрувањето се четирите општини: Брвеница, Шуто Оризари, Желинои Валандово. Кај сите нив, процентот на исполнетост на обврските, само за една година, пораснал за повеќе од 40 процентни поени.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password