Петар Зајков е новиот претседател на ОО на СДСМ – Валандово

Петар Зајков е назначен за нов претседател на ОО на СДСМ во Валандово. Тој доаѓа на местото на Мери Лазарова која беше сменета со Одлуката на лидерот на партијата Зоран Заев за промена на сите претседатели на општинските органицации.

Зајков покрај позицијата претседател на Комисијата за односи и соработка со други општини, сега ја добива и првата повисока функција во партијата.

Тој 2013-та година бил кандидат за советник во Советот на Општина Валандово од редовите на СДСМ, но, како последен на листата не успеал да обезбеди советничко столче.

Честитки за неговата нова функција стасаа и од градоначалникот на општина Валандово, Костадинов, како и неговата претходничка, Мери Лазарова, која на Фејсбук напиша: „Верувам дека ќе го продолжиш, а и подобриш патот на нашата ОО, на сплотеност, единство, демократија, и со заедничка работа ќе покажеме уште многу успеси и победи“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password