Во Валандово ќе се одржи меморијален настан „Ристе Ѓоргиевски – Цури“

На 19.06.2019-та година (среда), здружение на граѓани под мотото „Сите за Цури“, во соработка со ОО на „Црвен крст“ – Валандово, навивачката група „Калинкари“ – Валандово и општина Валандово, организира меморијален настан во чест на роденденот на нашиот сограѓанин Ристе Ѓоргиевски – Цури.

Од 09 – 14 часот – крводарителска акција во Домот на култура „25-ти мај“;

Од 20 – 22 часот – музичка програма на плоштадот во Валандово со изведувачи од Валандово и кореографија на навивачката група „Калинкари“.

Од здружението ги повикуваат сите жители на општината да бидат дел од овој настан кој исто така ќе биде и со хуманитарен карактер. Ќе бидат поставени кутии за донации, а сите собрани средства ќе бидат донирани на фамилијата на Ристе Ѓоргиевски – Цури.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.