За време на меморијалниот настан во чест на Ристе Ѓоргиевски – Цури, кој за жал прерано не напушти, собрана е сума од 42.270 денари, што е повеќе од првичните очекувања на организаторот.
За собирање на средствата беше поставена кутија за донации на центарот во Валандово, а беа продавани и маици „Сите за Цури“.
Како што извести организаторот, во најава се уште донации кои се планирани да стигнат за 2 недели за што дополнително ќе објават на Фејсбук.
Сите средства ќе бидат искористени за потребите на фамилијата на Ристе.