Бројот на основци во земјава во периодот 2006-2018 намален за 20,19 проценти

Бројот на основци во земјава бележи значително намалување за период од 12 години, односно од 2006-та до 2018-та година. Меѓу причините се и намалувањето на наталитетот, како и иселувањето на населението.

Според податоците на Државниот Завод за статистика, во учебната 2005/2006 година во земјава, во редовните основни училишта се запишале 235.691 ученик, наспроти учебната 2018/2019 во која се запишале 188.102 ученика. Според тоа, бројот на основци се намалил за 20,19 %.

Во однос на наталитетот, во 2006-та година се родиле 22.585 деца, додека во 2018-та 21.333. Овие податоци укажуваат дека бројот на родени деца се намалил за 5,5%.

Според податоците прикажани на сликата, пад на бројот на ученици до 20% бележат општините Валандово (15.56%), Струмица (17.13%) и Василево (19.05%), над 20% општините Дојран (27.86%) и Богданци (25.49%), повеќе од 30% општина Босилово (33.70%) и над 50%, што е и најекстремен пример во земјава е општина Ново Село (52.47%).

Податоците на Државниот Завод за статистика покажуваат дека, без разлика дали станува збор за урбана или рурална средина, во период од 12 години во Македонија, бројот на основци значително се намалил.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password