Собрани 42.270 денари во чест на Ристе Ѓоргиевски – Цури. Средствата ќе ги добие неговото семејство.

За време на меморијалниот настан во чест на Ристе Ѓоргиевски – Цури, кој за жал прерано не напушти, собрана е сума од 42.270 денари, што е повеќе од првичните очекувања на организаторот.

За собирање на средствата беше поставена кутија за донации на центарот во Валандово, а беа продавани и маици „Сите за Цури“.

Како што извести организаторот, во најава се уште донации кои се планирани да стигнат за 2 недели за што дополнително ќе објават на Фејсбук.

Сите средства ќе бидат искористени за потребите на фамилијата на Ристе.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password