Заврши првата фаза од уредувањето на индустриската зона во Јосифово, која во себе опфаќаше изградба на целосна фекална и атмосферска канализациона мрежа, изградба на водоводна мрежа, како и изградба и тампонирање на нови улици.
Од општината информираат дека во наредните денови индустриската зона ќе добие и улично осветлување, како и изведбата и асфалтирање на зонските улици.