Започна реализацијата на проектот кој чини нешто повеќе од четири милиони денари, а вклучува изградба на плоштад и парк во населеното место Удово.
Урбаниот простор кој ќе се уредува со овој проект предвидува изградба на летниковци, фонтана, амфитеатар, клупи, тревници и патеки како дел од плоштад и парк.
Изградбата која почнува деновиве, а треба да заврши најдоцна до 4-ти октомври, годинава, ја врши компанијата „ЕВРОГРАДБА-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ“ од с.Владиевци, Василево, како компанија која понудила најниска цена за реализацијата на зафатот.