На 20-ти септември, во дворот на СОУ “Гоце Делчев” Валандово, во 18.30 часот, ќе се изврши проекција на филм и дискусија за климатските промени и ефектите и последиците на целиот систем во кој живееме денес.
Филмот кој ќе биде прикажан го носи насловот “Blue Heart-The fight for Europe’s last wild rivers”, а ја расказжува приказната за последниот див речен систем во Европа и луѓето што се борат да го заштитат.
На настанот ќе бидат присутни и членови од „Fridays For Future“ од Валандово, кои ќе споделат повеќе информации за нивното движење и за неделата на Глобалните климатски протести.
Сите кои сакаат да бидат дел од глобалното движење за климатска правда, да разменат мислење и идеи и се љубители на добариот филм се добредојдени се вели во поканата од организаторот.
Повеќе детали за настанот можете да прочитате овде.