Тече изградбата на туристичката патека до манастирот „Св. Ѓоргија“

Тече реализацијата на проектот „Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш“ финансиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Со реализацијата на овој проект, кој чини 133 илјади евра и беше изгласан како еден од приоритетните од страна на регионалниот Совет составен од градоначалниците на општините од Југоисточна Македонија, комплетно ќе биде осветлен патот до манастирот „Св. Ѓоргија“ во Валандово со поставување на 50 украсни канделабри.

Како дел од овој проект предвидено е и проширување на патот на критичните места како и формирање на паркинг зони.

Долж патот ќе биде поставена и урбана опрема како клупи и корпи за отпадоци, ќе биде изграден и забавен парк за деца, трим-патека, а ќе поставени ќе бидат и справи за вежбање.

На одредени локации ќе се иградат и павиљони со различни визури и летниковци со традиционален изглед.

Реализацијата на проектот треба да финишира за најмногу 8 месеци од воведување на изведувачот, компанијата „Пешо Инженеринг Доо“ од Струмица, во работа.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password