„Распеани Валандовчани“ викендов престојуваат во Ќустендил, Бугарија, каде се одржува Меѓународниот фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ на кој ќе се направи обид за поставување гинисов рекорд во хорско пеење на две македонски народни песни, „Ако умрам ил загинам“ и „Ој ти пиле славеј пиле“.
Од музичкиот ансамбл од Валандово, иако првично не беа планирани, го потврдија своето учество во обидот за поставување гинисов рекорд во хорско пеење со учество на повеќе од 800 хористи од Македонија, Бугарија и Србија.
Со ова Валандово е на прагот на историската можност да добие не само еден, туку 13 гинисови рекордери во само еден обид.