Градоначалникот Перо Костадинов го прифати предизвикот од неговиот штипски колега Благој Бочварски и засади три дрвја во Валандово.
Целта е, да се подигне јавната свест за потребата од здрава и чиста животна средина и заеднички да се гради заедница на еколошки свесни и одговорни индивидуи.
За следни учесници во иницијативата, Костадинов ги номинираше Амбасадорката на САД Кејт Брнс, Никола Димитров, Виктор Велевски и Бобан Видоески.