Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов оствари работен состанок со заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.
На состанокот се разговараше за тековните активности во општината, започнатите капитални проекти, важноста на ЕУ фондовите, како и за неопходноста од поддршката на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој на проекти во општина Валандово.
По работната средба, заменикот министер и градоначалникот го посетија повеќенаменското игралиште во Калково, кое беше изградено годинава, со средства од Бирото за регионален развој и општина Валандово.