Од месец декември 2019 година, после добивањето на сите потребни согласности специјалистите од Општа Болница Струмица и Општа Болница Гевгелија започнуваат со работа во ЈЗУ „Здравствен Дом“ Валандово.
Како што информираат од валандовски Здравствен дом, веќе има достапни термини за прегледи кај докторите по специјалност неврологија и доктор по специјалноста ОРЛ (уво,нос и грло).
Прегледите ќе се вршат еднаш неделно во просториите на ЈЗУ Здравствен Дом Валандово.