Шестиот по ред филм на Милчо Манчевски, утре, 13-ти декември, петок, ќе се прикажува во Домот на културата „25-ти Мај“ во Валандово.
Со почеток од 19.00 часот, валандовчани ќе можат да го погледнат „Врба”, филм кој ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини.
Влезницата за проекцијата на „Врба“ чини 100 денари. Истите веќе можат да се набават во просториите на Домот на културата или на врата, при самото прикажување на филмот.