Во работна посета на општина Валандово е министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Најпрво, заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов го посетија Дневниот центар во Валандово, каде имаа можност да разговараат со стручниот кадар кој работи во општина Валандово и да се запознаат со состојбите во кои работат со дечињата со попреченост од општината.
„Дневниот центар е од исклучителна важност за растот и развојот на овие деца, како и за процесот кон нивна инклузија во заедницата. Децата со попреченост се дел од нас и од нашето секојдневие, не учат да сакаме и меѓусебно да се почитуваме.
Нашето внимание кон нив и поддршката која им ја пружаме, се од огромна важност за нас како индивидуи и за состојбата во која се наоѓа заедницата во која живееме. Да градиме солидарна и емпатична заедница, на совесни граѓани со отворени умови и големи срца.“ изјавија од Општината.