Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги посетија новата детска градинка во Брајковци и реконструираната детска градинка, во Валандово.
Градинката во Брајковци беше изградена годинава и претставува комплетно нов и модерен објект, кој ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и обезбедува современи услови за згрижување и престој на 40 деца од Бојмискиот реон. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени од МТСП.
Во детската градинка “Калинка” во Валандово, се изврши целосна реконструкција на објектот во модерен и енергетско ефикасен објект, со очекувана заштеда на енергија од 70%. Објектот е современ и во него најмалите од нашата општина безбедно и софистицирано ќе можат да го следат воспитно образовниот процес. Реконструкцијата на оваа детска градинка е финансирана од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција и националните фондови на земјите учеснички во проектот.