Песната „Се вратив сине“ отпеана од македонската фолк ѕвезда Влатко Миладиноски на ланското издание на „Фолк Фест Валандово“ оправдано доби и фантастичен видео запис.
Песната која се издвои како хит од „валандовските“ композиции од 2018-та е музичко дело на Златко Миладиноски, а аранжманот е на Драган Матевски.
Видео записот е израбтен од IN TV, а сниман во Лозана и Морж – Швајцарија, како и делови од преубавите македонски краишта на Козјак.