Утре „Не биди ѓубре“ – Учествувајте во акцијата за почисто Валандово

Општина Валандово се приклучува на големата акција за чистење, која ќе ја спроведе државната администрација утре, 14-ти декември, сабота, заедно со иницијативата „Не биди ѓубре“.

Општина Валандово упати повик до сите институции кои имаат свое седиште, канцеларија и единица во Валандово, да се приклучат на оваа акција за унапредување на чистотата и заштита на животната средина.

Сите вработени во институции, здруженија и граѓани во 9 часот, да бидат во Детската градинка „Калинка”, каде ќе се одвива акцијата.

Акцијата ќе трае до 12.00 часот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.