Обраќање на Градоначалникот Перо Костадинов по повод Нова година и претстојните Божиќни празници.
„Почитувани сограѓани,
Деновите кога се одбележува крајот на една, а почетокот на нова година е време кога правиме рекапитулар на она што сме го оставиле зад себе и она што планираме да го создаваме во иднина.
Ова се денови во коишто секој од нас одговара пред себеси и пред својот морален суд, за доброто и лошото зад себе, за правилното и погрешното, за одговорното и за неодговорното.
Како локална самоуправа, изминатиот период ги поставивме контурите на општинскиот развој, ги зацртавме приоритетите и започнавме да ги решваваме проблемите на граѓаните. Граѓаните мора да бидат на прво место.
Реализирани се многу капитални проекти и решени се многу круцијални проблеми. И следната година, 2020-та, граѓаните ќе бидат во нашиот фокус. Ќе обезбедиме инфраструктура за сите, бидејќи секој еден е важен.
Наредната година, нашиот главен фокус ќе биде централното градско подрачје во градот Валандово коешто ќе добие сосема нов лик и ќе биде целосно преуредено.
Драги сограѓани, општина Валандово може да биде прекрасно место за живот, заедница на којашто може да и се завидува, единствено што ни треба е да се обединеме, да изградиме заеднички цели, да си ги здружиме енергиите и одлучно да исчекориме напред. Поделби од било каков вид не ни се потребни. Ни треба заедница полна заедништво, ни треба заедница во којашто ќе има солидарни граѓани кои силно ќе се поддржуваат. Валандово го сакаме сите.
Затоа да си подадеме рака и да се заложиме за убавината и радоста во нашата општина, за иднината и развојот на цела локална заедница.
Почитувани валандовчани, свртете се кон себеси, пронајдете го спокојот и сакајте. Сакајте се себе си и останатите. Потрудете се да победи убавото и да преовлада љубовта.
Ви посакувам среќа, здравје и бериќет во Новата 2020-та година.
Среќна Нова година и Божиќни празници.“