Почна уредувањето на дворното место на станбената зграда до „Здравствен дом“ – Валандово

Валандово / 15:01

Започна уредувањето на дворното место на станбената зграда до „Здравствен дом“ – Валандово, јави градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.

Иако најавен пред подолг период, почетокот на реализацијата на проектот за уредување на оваа парцела беше одложен еднаш поради проблем со Урбанистичкиот план.

Претходно целосно беше уреден и задниот дел од дворот на овој објект како дел од акцијата за разубавување на просторот долж булеварот „Првомајска“, кој беше целосно реконструиран.

Договорот за уредувањето на дворната површина на оваа санбена зграда кој Општината го потпиша со компанијата „Портланд-ОПЦ“ од Струмица чини нешто повеќе од 1 милион денари, а работите се очекуваат да завршат во првата половина на месец март, годинава.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password