Општина Валандово ја отпочна постапката за изградба на два нови урбани простори.
Еден од урбаните простори ќе се гради во центарот на Пирава, додека вториот во т.н. Бутел маало.
Како што не информираа од Општината и за двата простпра веќе е изготвен нацрт проект, а деновиве ќе биде објавена и јавната набавка за избор на градежна компанија која ќе ги гради.
Според Општината реализацијата на проектите не би требало да трае подолго од два месеца од завршување на јавните набавки.