Приведен жител на Дорломбос – Криумчарел 53 мигранти во камион

Валандово / 10:12

На 12.02.2020 околу 19.30 часот кај с.Куклиш, струмичко, во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода било лишено 43-годишно лице од с.Дорломбос, затоа што при преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет).

Лицето било приведено во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password