Објавени се имињата на кандидатите за пратеници од двете најголеми македонски партии.
Во четвртата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ, на позицијата 13 го кандидираше Дејан Бошков, актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Валандово, додека СДСМ овие избори нема кандидат од Валандово.
Доколку Дејан Бошков влезе во собранието, тој би бил замена за досегашниот пратеник од Валандово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Ѓоко Камчев.
Валандовските интереси во собранието од редовите на СДСМ досега ги бранеше пратеничката Мери Лазарова, обврска која сега ќе му прирпадне на пратеник од некоја од соседните општини.