Тим на Општина Валандово ќе врши достава на лекови и намирници на старите и изнемештени лица

Општина Валандово формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица од општината.

Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: 071/239-849 и 078/325-978


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари