Поради состојбата на епидемија, предизвикана од Covid-19 (коронавирус) како и мерките кои ги воведе Владата со цел справување со ширењето на коронавирусот, Oпштина Валандово донесе одлука овогодинешното јубилејно издание на фестивалот “Фолк Фест Валандово” кое требаше да се одржи во месец мај да се одложи.
Официјалниот, нов датум на одржување на фестивалот, ќе биде потврден откако здравствената ситуација во државата ќе дозволи да се организира истиот.