Со цел заштита на населението кое се служи со вода од водоводот под надлежност на „Комунален сервис“ – Валандово, од зараза со коронавирус, од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје беа издадени препораки за зголемување на нивото на хлор во водата.
Според нивните препораки, а и од мерењата направени изутринава, резидуалниот хлор во водата од валандовскиот водовод е на горната граница, или 0,5мг/л.
„Добивме известување од ЈЗУ „Институт за јавно здравје“ Скопје, каде согласно најновите препораки од СЗО потребно е претпријатијата кои вршат снабдување со вода за пиење на населението да го одржуваат нивото на резидуален хлор во водоводната мрежа на ниво од 0,5 мг/л заради превенција од вирусот COVIT-19.ЈП „Комуналeн сервис“ Валандово постапи по овие препораки од СЗО и го зголеми нивото на резидуален хлор на 0,5 мг/л. Оваа концентрација на хлор е дозволена горна граница на ниво на хлор во водата и не е штетна по здравјето на населението.“ стои во соопштението од „Комунален сервис”.
Ви благодариме