„СОС Валандово“ во нова акција за помош на социјално загрозените семејства во општина Валандово

Валандово / 12:31

Иницијативата „СОС Валандово“ почнува нова акција за помош на социјално загрозените семејства во општина Валандово.

На својата Фејсбук страница објавија апел до локалните компании да се солидаризираат во овие вонредни услови и да излезат во пресрет со донации. Покрај компаниите во донаторската акција можат да се вклучат и граѓаните.

Во целост ви го пренесуваме соопштението од „СОС Валандово“:

„Во овие тешки времиња за човештвото предизвикани од пандемијата на вирусот COVID-19, ние активистите на Спас За Валандово решивме да започнеме една голема солидарна акција за собирање на хигиенски производи и храна.

Целта е да направиме што повеќе хуманитарни пакети солидарна помош, кои ќе бидат дистрибуирани до најранливите и социјално загрозените семејства во општина Валандово.

Ги повикуваме сите општествено одговорни компании и граѓани да се приклучат во акцијата за помош на нашите сограѓани кои поради рестриктивните мерки, кризата, настанатата вонредна состојба и полицискиот час кој е воведен неможат да си ги дозволат основните продукти за преживување.

Собирањето на донациите ќе биде на повеќе локации низ населените места во општината.Главен пункт за донации во град Валандово ќе биде кафе-бар „Легионер“, секој работен ден од 10.00 до 14.00 часот.

За населено место Пирава пунктови за оставање донации се маркет „Ангор Промет“ и продавница „Алмак Доо“.

За населено место Јосифово вашите донации може да ги оставите во маркет „Родико“.

За населено место Удово донациите ќе се собираат во продавница „ВИК-МАР“.

За населените места од Бојмискиот регион, Брајковци, Балинци, Марвинци и Грчиште донациите ќе се остават во продавниците на „ЕМПИ-Компани“.

Помошта за најранливите и социјално загрозените наши сограѓани е потребна веднаш. Време е да ја покажеме нашата општествена одговорност.“


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password