Центарот за јавно здрацје – Струмица само што ја потврди информацијата дека денес е докажан уште еден случај на заболен со Ковид-19 во општина Валандово.
Лицето им е познато на епидемиолозите кои во моментов вршат мапирање на сите контакти кои ги имало истото во изминатиот период.
Ова е втор случај на инфекција со новиот коронавирус на територијата на нашата општина откако претходно беше дијагностициран пациент од Јосифово кој во моментов е на болничко лекување во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје.