Модниот дизајнер Мите Занов кој стои позади брендот „Занов” ја објави својата последна колекција „Дини”.
Женствените креации од лелеави материјали во комбинација со металниот аксесоар, кои, гледани преку естетското око на младиот валандовски дизајнер, совршено ја отсликува вечната борба на кревките и оние од другата страна на спектарот, во една експлозивна итерација на судирот помеѓу афричкиот и оганот на ориентот со западната резервираност.
Несомнено, оваа колекција носи печат на балканската мода, а „Занов” како моден бренд е секогаш доследен во зачувувањето на сопствениот идентитет и покрај силните влијанија кои доаѓаат од светските модни центри од двете страни на светот.