Во Валандово се одржа првата розова прошетка како поддршка за болните од рак на дојка

Во Валандово за прв пат се одржа настанот „Напред розово”.

„Race for the Cure” е продолжување на традиционалната розова прошетка „Напред розово“ што се одржува 11 години наназад.

Станува збор за хуманитарен настан што ги обединува луѓето погодени од рак на дојка и нивните семејства и пријатели.

Преку настанот, се дава поддршка на оние кои се бораат со оваа болест, се потсетуваме на оние што веќе не се со нас заради најчестиот вид рак кај жените, а излекуваните го слават животот. Се солидаризираме едни со други и се посветуваме на борбата, за живот.

Извор: О. Валандово

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.