Денес членови на ЗПСК „Кожуф” – Гевгелија од Валандово во работна акција ја уредија планинарската соба во караулата „Беласица”.
Во редување свој допринос даде клубот ЗПСК „Кожуф” од Гевгелија со обезбедување на кревети и постелнина, додека членовите од Валандово акцијата ја помогнаа со донирање на инвентар.
Оваа просторија во караулата ќе служи за сместување на планинарите, најмногу за членовите на клубот од општина Валандово.