Чешката компанија „ИЦС Системи” ќе управува со уличното осветлување во Валандово

На огласот за јавно-приватно партнерство, на кое Општината побара приватна партнерска компанија за модернизација и одржување на јавното улично осветлување во Валандово, донесена е одлука за избор на чешката компанија „ИЦС Системи” како најповолен понудувач.

Компанијата на огласот се јавила преку својата македонска подружница, регистрирана во Охрид.

Со промените кои ги носи новиот модел, ЕСКО компанијата „ИЦС Системи” е обврзана да ги промени сите улични светилки со високо квалитетни, модерни и енергетски ефикасни, а ќе се финансира од заштедите кои ќе ги остварува Општината од замената на старите неефикасни светилки.

Јавно-приватното партнерство ќе биде основано на период од осум години во кои, Општината, грижата за јавното осветлување, целосно ќе и ја препушти на партнерската компанија, која покрај замената на постоечкото осветлување со ново – ефикасно, ќе врши и санирање на проблемите и замена на дефектните светилки.

„ИЦС Системи” е компанија со долгогодишно искуство во одделот за модернизација и осветлување. Тие зад себе имаат голем број проекти, вклучително и комплетна замена на LED светилките во Охрид, пилот-проект на плоштадот Куманово, замена на нови ламби со нови ламби и последна целосна замена на сите ЛЕР улични ламби во Куманово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.