Ѓорге Џонов во емотивен пост на Фејсбук им се заблагодари на сите кои донираат

„Останаа уште неколку денови од оваа година која ме научи на многу нешта за кој не сум ни бил свесен дека постојат. Благодарен сум на Бог што ете се потруди да ми го покаже патот по кој треба да чекорам.Патот по која сега чекорам е долг, тешко е луѓе, трнлив е, бидете сигурни не знаете како е освен оние кој веќе го поминале. И јас самиот сум свесен дека денеска ќе ми биде тешко,утре ќе ми биде полошо, но со надеж, верба, волја, сила се надевам дека задутре ќе има сонце .Со вашата помош, со вашата поддршка кој што секојдневно ја имам со верба во Бог, со знаењето на докторите, со мојата волја за живот се надевам дека можам да ја постигнам зацртаната цел. За крај премалку е да ви кажам БЛАГОДАРАМ за се што правите за мене, што ми помогнавте и дониравте за моето лекување во Турција. Сето ова немаше да биде возможно без подршката и хуманоста од сите вас. Хуманоста нека остане во секој од нас. Фала ви за се Бог е голем -прави чуда, да сте живи и здрави да имате среќни и весели празници и нека новата година ни помогне на сите лица кој што се борат со ова болест.“ напиша Џонов на Фејсбук.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.