Градоначалникот Перо Костадинов, по повод Новогодишните и Божиќните празници, испрати видео честитка до сите жители на општина Валандово, со желби за многу среќа и радост.
„Во годината што следува, посакувам подобро здравје за секого, сите да работиме повеќе, да се поддржуваме повеќе, да не губиме надеж, и да ја издигнеме нашата заедница на повисоко ниво.
Посакувам, почесто да го изговараме и да го практикуваме зборот љубов и неретко да се грижиме едни за други. Да си ги простуваме грешките, да ги надминуваме навредите, и да се прегрнуваме.“ меѓу другото порача градоначалникот Костадинов.