Денес во вечерните часови избувна голем пожар во трговскиот центар „Глобал” во Струмица.
Од видео снимките кои дел од граѓаните како и локалните струмички медиуми ги објавија можеше да се забележи дека огнот го има зафатено речиси целото приземје од објектот.
Во краток разговор за ТВ Канал ВИС, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски рече дека е среќен што нема човечки жртви, но материјалната штета ќе биде голема.
Во обраќањето тој изјави и дека се уште никој не знае колкав дел од објектот е зафатен и дали огнот се проширил и на повисоките катови.
Во акцијата за гаснење се вклучени речиси сите противпожарни единици од регионот меѓу кои и валандовската.