Општина Валандово ја објави листата на капитални проекти кои наскоро почнуваат со реализација

2020-та година, во која и покрај проблемите со кои се сочуваа локалните самоуправи, Општина Валандово ја заврши со висок процент на реализација на Буџетот, со задоволителни параметри кога се и капиталните расходи во прашање.

Новата 2021-ва година започна со најавата на Општината дека се обезбедени 34 милиони денари, средства за изградба на канализационен систем во село Раброво. Средствата се обезбедени преку државна донација, од пренамената на средства за изградба на Карго аеродром во Штип.

На целосно својствен начин за Општина Валандово, денес на Фејсбук, на профилот на градоначалникот Перо Костадинов, беше објавена импресивна листа на нови капитални проекти чија реализација започнува наскоро.

Првиот блок капитални проекти за 2021-ва година го сочинуваат комплетната замена на уличните светилки со нови ЛЕД енергетско ефикасни светилки во цела општина, ново смарт партерно осветлување на плоштадот во Валандово, изградба на дел од систем за водоснабдување во Калково, комплетна рекострукција на ПУ „Гоце Делчев” во Пирава, изработка на техничка документација за гасификација, нова современа механизација и опрема за ЈП Комунален сервис.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.