Валандово се придружи на групата општини со едноцифрен број активни случаи на Ковид-19

По денешниот Ковид=19 баланс на двајца оздравени пациенти во општина Валандово, бројот на активни случаи се спушти на 9.

Со ова општина Валандово, покрај Дојран и Демир Хисар, стана трета општина во Македонија според извештајот на ЦЈЗ со број на активни случаи помал од 10.

Во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 187, Кавадарци 35, Велес 28, Куманово 18, Охрид 18, Тетово 17, Струга 16, Делчево 16, Прилеп 12, Демир Капија 7, Струмица 5, Радовиш 5, Гостивар 4, Битола 4, Кичево 4, Гевгелија 4, Неготино 4, Крива Паланка 4, Крушево 4, Штип 3, Кочани 3, Кратово 3, Свети Николе 1, Дебар 1, Ресен 1, Берово 1, Виница 1, Демир Хисар 1.

Починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 399 оздравени пациенти од:-Скопје 242, Тетово 22, Куманово 20, Прилеп 17, Битола 15, Штип 10, Велес 9, Радовиш 9, Гостивар 9, Струмица 8, Крива Паланка 6, Кичево 5, Гевгелија 4, Пробиштип 4, Дебар 3, Богданци 3, Кочани 2, Свети Николе 2, Валандово 2, Кавадарци 1, Струга 1, Неготино 1, Кратово 1, Ресен 1, Виница 1, Демир Хисар 1.

Досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.