Претседателот на Владата Зоран Заев е задоволен од работата на градоначалникот Перо Костадинов

Градоначалникот Перо Костадинов е дел од групата на градоначалници за кои премиерот и претседател на владејачката СДСМ изрази задоволство од нивниот досегашен ангажман.

Тој изјави дека лично ќе застане зад дел од актуелните градоначалници за нивен реизбор за кандидати на претстојните локални избори, но, тоа не значи дека тие ќе бидат и избрани. Според премиерот тоа ќе биде заедничка одлука на органите и телата на партијата.

Покрај градоначалникот на општина Валандово, претседателот на СДСМ е задоволен и од работата на градоначалниците на општините Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија и Штип.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.