Од направени 48 рентгенографии н бели дробови во 2019-та година, 6 биле со наод на бронхопневмонија, за да 2020-та од дури 212 рентгенографии 115 биле со наод.
Ова според доктор кирчо Стојчевски во интервјуто за Клан Македонија јасно ја утврдува присутноста на коронавирусот во Валандово.
Како што изјави доктор Стојчевски, до крајот на 2020-та, 4 од 5 матични лекари го прележале вирусот, а повеќе од 50% од здравствените работници од Валандово биле позитивни на новиот SarsCov2.
Во моментов според статистиката на Министерството за здравство, општина Валандово бележи забрзано зголемување на активните случаи, а најцрната статистика брои 8 жртви од овој нов вирус.