Денес беше објавен конкурсот за запишување на средношколци во јавните средни училишта во Македонија, од кој може да се забележи дека двете нови струки, за чие воведување се залагаше училиштето веќе две години, од годинава ќе ги запишат и првите ученици.
Од септември, 152 ученика ќе можат да изучуваат настава во СОУ „Гоце Делчев“ во 5 класа и тоа во насоките, гимназиско образование со 68 празни места во 2 паралелки, земјоделска насока од струката терхничар за фитомедицина/агротехничар една паралелка до најмногу 34 ученика и, по една паралелка со максимум 25 ученика во двете нови струки, техничар за компјутерско управување и дентален асистент.
Наставата во новите струки ќе се одвива во соработка со одредени компании од општината.