Едно лице е потешко повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на патот Пирава – Јосифово

На 30.03.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат од село Пирава кон село Јосифово, валандовско, Г.Р.(37) од с.Јосифово, управувајќи возило „фолксваген голф“, со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.К.(42) од с.Јосифово, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Валандово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.