Лицата заинтересирани за примање на трета доза од вакцината на „Фајзер” против Ковид-19 се враќаат од вакциналниот пункт во Валандово, се жалат граѓаните. За да се отвори една вијала од вакцината се бара група од 6 лица, за што се принудени да чекаат пред пунктот и по неколку часа.
Моменталниот број на лица заинтересирани за вакцинирање со трета доза во општината е мал, па не ретко лицата се одвраќаат од пунктот во Здравен дом – Валандово, со објаснување дека за да се реализира вакцинацијата потребни се 6 лица, за да не се фрлаат бадијала дози вакцина.
Од медицинските лица, граѓаните биле советувани да доаѓаат на вакцинација во група од 6 лица, или рано наутро кога кога фреквенцијата е најголема.
Во моментов тече вакцинацијата со трета доза од вакцината против Ковид-19 од компанијата „Фајзер”, за сите возрасни граѓани, без потреба од претходно закажување.